Утрински Весник
Свет

Во Кина два нови случаја на коронавирус

СЗО: Не е реално да се очекува овој месец да има истрага за потеклото на вирусот во Кина

Два нови случаја на коронавирус се регистрирани во Кина во последните 24 часа, што е најмал број на нови случаи во еден ден во последните пет месеци, објави „Ројтерс“.

Како што е наведено од Националната здравствена комисија на Кина, двата случаја се од странство.

Што се однесува до асимптоматските случаи, кои Кина не ги бележи како потврдени случаи на инфекција, регистрирани се 17 заболени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија тврди дека го освоила градот Купјанск

Бела куќа: Трамп и Венс не се поканети на погребот на Дик Чејни во Вашингтон

СЗО отпушта над 1.200 вработени