Утрински Весник
Магазин

Во карантин со Ана Билбилоска Ристова (интервју)

Во карантин со Ана Билбилоска Ристова (интервју)

Ана е блогерка и дизајнерка која својот инстаграм профил го гледа како место каде што сака да ги објавува убавите моменти од својот живот и место каде што може да споделува искуства и каде што може максимално да ја искористи и покаже својата креативност.

Прочитајте го интервјуто во кое Ана ни споделува како таа се справува со оваа ситуација, како се заштитува и како го поминува времето.

 

View this post on Instagram

 

I’d like a Cosmopolitan too . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . #sexandthecityquote #netflixandchill #netflixmovies #stylishliving #lifestylebloggers #homemood #bloggerlife #fashiongoalsz #dailyphotography #dailyinspiration #womenwithstyle #dosesofstyle #mylifemyrules #trendingmemes #trendingnow #blondesandcookies #stayinginbed #todayvibesk

A post shared by Lifestyle with Ana (@anaristova) on Apr 21, 2020 at 7:34am PDT

Колку се промени твоето секојдневие од почетокот на Ковид-19?

– Можам да кажам дека се промени голем дел од моето секојдневие. Нормално, мораше да се навикнам на седењето дома, на комуникацијата со пријателките преку скајп наместо на кафе, на состаноци преку интернет наместо во живо. Многу планови морав да ги изменам и прилагодам на моменталната ситуација, од кои еден е производсвото на новата пролет/лето линија од мојата колекција на облека. Од друга страна пак, почнав да правам домашни вежби и сум многу поактивна во тој дел, испробав многу рецепти за кои во нормални услови можеби не би ни одвоила време и почнав да готвам многу често. Купувањето ми е сведено само на онлине купување и сликањето кое ми е дел од работата го прилагодив за домашни услови.

Како се заштитуваш? 

– Ги почитувам максимално сите воведени мерки, најголем дел од времето сум дома, а кога излегувам секогаш носам маска. Доколку имам потреба од прошетка, одам на места каде што нема гужви и секогаш носам спреј за дезинфекција на раце. Периодот исто така, пијам витамини неопходни за здраво функционирање на телото.

Што научи за себе во самоизолација?

– Дека сум посилна одколку што мислев.

Што ти недостасува најмногу?

– Дефинитивно патувањето.

 

View this post on Instagram

 

Workin’ on some new dresses these days @stylewithana_collection . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . #bloggerfashion #bloggerstyle #fashiontop #wearitloveit #creativephotography #designerlifestyle #drawingsketch #hairstyles #denimwear #coffeeoclock #homeinterior #closetgoals #chicfashion #puffsleeves #stylesubmit #outfitgrid #girlyinspo #fashionvibe #fashionfinds #inspiringoutfit ie #fashionzine #stylegram #aboutalook

A post shared by Lifestyle with Ana (@anaristova) on Apr 3, 2020 at 7:05am PDT

Без што до сега мислеше дека не можеш, а излезе дека можеш?

– Искрено, нема нешто без кое не можам периодов. Најблиските кои ми се најважни се до мене, а за сѐ друго по природа сум прилагодлива личност.

Како си го исполнуваш времето?

– Цртам нови модели за колекцијата, готвам, чистам, ги средувам сите можни фиоки кои претходно ми биле последни на листа за да ги средам, преуредувам, како што кажав претходно – почнав и да вежбам, уживам во гледањето серии на Netflix, почнав со учење на германски јазик и нормално, си го организирам работното време дома.

Добра книга што треба да се прочита периодов?

– „Психологија на успехот“.

Добра серија што мора да се изгледа?

– „Friends“ – за да се наполнете со позитивна енергија.

Песна за на repeat?

– Juro Que – Rosalia

Видео/друштвена игра што треба да се игра?

– Искрено, не сум личност што игра видеоигри.

Дали се плашиш? Што поточно те плаши?

– Да, и мислам дека е нормално се додека стравот не надминува одредени граници. Ме плаши неизвесноста.

Што прво ќе направиш откако ќе заврши карантинот?

– Ќе отпатувам некаде и ќе се видам со многу личности кои ми се драги.

Која е поуката од Ковид-19?

– Сите сме исти и сите помалку или повеќе зависиме еден од друг. Посилни сме одколку што мислиме. Овој период ни покажа што навистина најмногу ни значело.

Опиши го твојот карантин со 5 emojis?

❤???☕

 

View this post on Instagram

 

I care about pasta and like, 4 people ? . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . #bloggerlifestyle #dailymotivation #pastalover #stayinghome #homevibes #chiquelefrique #blondesandcookies #americanstyle #wearingtoday #casualoutfit #homelook #inspireothers #mylifeinpictures #hairstylesforwomen #chicfashion #homedecor #homemade #pasta #trendingtopic

A post shared by Lifestyle with Ana (@anaristova) on Apr 15, 2020 at 6:24am PDT

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста