Утрински Весник
Свет

Во карантин две американски воени бази во Јапонија

Во карантин две американски воени бази во Јапонија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Две американски воени бази во Окинава во јужна Јапонија се во карантин поради ширењето на коронавирусот во тие бази, објавија денес јапонските власти.

Владиниот портпарол Јошихиде Суга изјави дека 62 лица биле заразени со коронавирус во американските воени бази.

Штабот на американската морнарица во Пацификот воведе карантин во тие бази и им забрани да заминат. Мерките ќе бидат во сила до понатамошно известување.

Веста за заразата во тие бази предизвика незадоволство од локалните власти на Окинава, кои го оспоруваат присуството на голем број припадници на американските воени сили.

Архипелагот Окинава е дом на повеќето од 50.000 американски војници присутни во Јапонија.

Властите во Окинава ги повикаа војниците и нивните семејства да бидат ставени во карантин во базите во текот на викендот, а не во хотелите надвор од нив.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони

Рим ја продолжува воената помош за Киев за следната година