Утрински Весник
Македонија

Во канцеларијата на Рашковски на Правен пронајден софтвер со прашања за Академијата судии и јавни обвинители

646a7511 b314 4b6d ab30 2c90e4fc8091

По објавените информации во јавноста дека при извршен претрес во канцеларијата на Драги Рашковски на Правниот факултет бил пронајден софтвер за прашања на кандидатите, директорката на Академијата Наташа Габер Дамјановска вели дека нема сознанија за тоа што било пронајдено, но за Канал 5 потврди дека фирмата Инвока Груп, која е под истрага, преку која Рашковски го набавил софтверот, го одржувала хостингот на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев.

-Фирмата Инвока Груп го сервисираше хостингот, а серверот со прашањата се наоѓа при Владата. Со оглед на тоа што оваа фирма сега е опфатена со постапка, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев преку Влада ќе бара друга фирма, вели Наташа Габер Дамјановска, Директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Рашковски вчера од домашен беше спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари, по одлука на Кривичниот суд. На четвртоосомничениот му бил одземен мобилниот телефон, пред да успее да го форматира, пишува СДК.мк, а таму била пронајдена СМС порака од Рашковски со содржина:

„Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“

Освен Рашковски, во ефективен 30 дневен притвор од вчера е и сопственикот на Инвока Груп, Даниел Станчевски. Останатите двајца осомничени остануваат со одземени пасоши и забрана за напуштање на живеалиштето.

Можете да прочитате

СНЕГ ВО СЛОВЕНИЈА: Ладниот бран од северозапад се спушта кон Македонија!

Големите комплекси на една мала политика

Димитровски од МАСИТ: Дигитализацијата е инвестиција, не ја гледајте како трошок