Утрински Весник
Македонија

Во Кавадарци полицијата подели едукативни флаери со препораки против коронавирус

Во Кавадарци полицијата подели едукативни флаери со препораки против коронавирус

Кавадарци, 28 април 2020 (МИА) – Претставници на кавадаречката полиција денеска поделија едукативни флаери на кои се испишани најновите препораки од Владата и кризниот штаб на Република Северна Македонија, а кои се однесуваат на спречување и ширење на коронавирусот Ковид -19.

– Со овие флаери уште еднаш се потсетуваат граѓаните на задолжителното носење на заштитна опрема, каква опрема, каде и кога да се носи, држење растојание од два метра и други задолженија и препораки кои мора да се почитуваат. Се со цел, да се спречи вирусот, за да се заштитиме себеси и нашите најблиски, но и сите други, нагласи Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

Флаерите беа поделени во централното градско подрачје и во парковите, каде имаше голема раздвиженост од населението. свд/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор