Утрински Весник
Македонија

Во Кавадарци одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Во Кавадарци одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Кавадарци, 21 февруари 2020 (МИА) – Кавадаречката градска библиотека „Феткин” денеска го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во соработка со основното општинско училиште „Тоде Хаџи-Тефов”.

Учениците од деветто одделение се претставија со драматизација на анегдота за Итар Пејо, под менторство на наставничката Олгица Младеновска.

– УНЕСКО го објави мотото „Јазик без граници”, славејќи ги културните разлики и повеќејазичноста. Со цел почит меѓу сите етнички заедници во земјата, со признавање на културни и етнички разлики, рече Весна Гркова, директор на библиотеката.

Таа нагласи дека јазикот, народното творештво, анегдотите, народните приказни и песни, се нашето културно наследство, идентитет што треба да се чува и негува. свд/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, велат од СДСМ

Министерството за енергетика со нов повик за субвенционирање клима уреди

Хорор во Скопје: ја нападнал сопругата и ја избркал од дома, децата ги заклучил во тоалетот