Утрински Весник
Свет

Во Италија уапсен педофил кој бил полковник во армијата

Во Италија уапсен педофил кој бил полковник во армијата

Полковник во италијанската армија е уапсен во Рим за педофилија, откако бил фатен на дело, пишува весникот „Фанпејџ“.

Поради неговата функција, полковникот лесно стекнувал доверба кај родителите на момчиња, на возраст од 12 до 14 години, нудејќи им да ги чува децата додека тие се на работа.

Тој ги задолжил момчињата да му се јавуваат секој ден и им се заканил дека ќе им наштети на нивните родители доколку кажат за нивниот однос со него.

Полицијата почнала истрага откако еден од родителите се посомневал, а потоа, врз основа на пораките во мобилниот телефон на неговиот син, утврдил дека односот помеѓу полковникот и децата е неприроден.

Утврдено е дека уште во 2000 година, полковникот бил вмешан во слична афера кога бил осомничен за сексуална злоупотреба на ромски деца, но тогаш бил ослободен од обвинението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници