Утрински Весник
Свет

Во Италија се јаде најскап леб

Во Италија се јаде најскап леб
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Италијанците за леб издвојуваат речиси 15% отсто повеќе пари во однос на просекот во ЕУ.Во Италија, цената на тој основен прехранбен производ се зголемува од пченица до леб дури 15 пати, па затоа е меѓу највисоките во ЕУ, и над цената на векна во Германија и Холандија, покажа анализата на Евростат за минатата година.

Според италијанското здружение на земјоделци „Колдирети“, килограм мека пченица се продава во Италија за помалку од 21 цент, додека килограм леб, кој се добива со мешање на брашно со вода, граѓаните го купуваат во просек за околу 3,1 евро за килограм.

Во Милано, килограм леб чини 4,22 евра, во Болоња 4,72 евра, во Неапол 1,89 евра, во Рим 2,63 евра и во Палермо 3,02 евра. Земјоделците мораат да продадат пет килограми пченица за да платат кафе или шише вода во бар. За секое евро потрошено на свежи земјоделско-прехранбени производи како овошје и зеленчук, само 22 центи одат кај земјоделецот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин