Утрински Весник
Свет

Во Италија најголем пад на бројот на новозаразени од октомври

Во Италија најголем пад на бројот на новозаразени од октомври

Во последните 24 часа во Италија, 377 лица починаа од Ковид-19, а регистрирани се речиси 9.000 новозаразени со коронавирус.

Координаторот на владиниот научно-технички комитет, Агостино Миоко, тврди дека епидемиолошката состојба во Италија е под контрола, а карантинот што беше на сила во земјата за време на изминатите празници беше добар потег.

„Толку мал број новозаразени, 24 проценти помалку за една недела во споредба со претходната, не е забележан од октомври. Сепак, треба да се нагласи дека имунитетот на општеството ќе се воспостави само со масовна вакцинација“, рече Миоко.

Во моментот, вкупниот број на заразени лица во Италија е 547 илјади, од кои 20 илјади се во болница, а останатите се во домашна изолација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Техеран најавува напредок во индиректните разговори со САД

Зеленски: 2.000 украински деца се вратени од руско заробеништво

Петмина млади загинаа во пожар во магацински простор на станбена зграда во Шпанија