Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Во италијанското првенство планираат да одржуваат натпревари секој ден по рестартирањето

Сите натпревари од следното коло во Серија А може да бидат одложени поради коронавирус
300x250 opst2

Рим, 31 мај 2020 (МИА) – Натпреварите во фудбалското првенството на Италија по продолжувањето на сезоната ќе се одржуваат секој ден. Таков згузнаст распоред е избран за да има време да се заврши лигата пред 2 август.

Рестартирањето е закажано за 20 јуни.

Во исто време, натпреварите во интерес на телевизијата и клубовите ќе започнат во различни термини.

Во понеделник, почетокот на натпреварите е закажан за 21 часот, во вторник, среда и четврток – во 19 часот и 21 часот.

Секој петок ќе има еден натпревар од Серија А во 21 часот, а во сабота и недела по три: во 17:15 часот, 19:30 и 21:45 часот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг