Утрински Весник
Свет

Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат.Евакуирани се околу 2.800 луѓе од најмалку 28 села во близина на вулканот Или Левотолок, изјави Радиа Џати портпарол на Министерството за вонредни ситуации. Не е пријавен ниту еден случај на настрадан или повреден, објави Ројтерс.

Министерството за транспорт издаде соопштение авионите да ја заобиколуваат областа, а локалниот аеродром е затворен бидејќи пепелта паднала врз зградата и пистата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет