Утрински Весник
Свет

Во Индија пад на бројот на новозаразени од коронавирус

Во Индија пад на бројот на новозаразени од коронавирус

За прв пат по неколку недели, бројот на новозаразени со коронавирусот во Индија падна под 300.000 лица.

Индиското министерство за здравство објави дека во последните 24 часа се потврдени околу 280.000 нови случаи на заразени со Ковид-19 и 4.106 смртни случаи.

Падот на бројот на новозаразени со коронавирус дава надеж во Индија, но недостатокот на кревети и кислород во болниците покажува дека кризата со коронавирусот сè уште не е завршена.

Индиската држава Гуџарат на западниот брег се подготвува за силен циклон кој влијае на спроведувањето на мерките околу вирусот со Ковид-19 и вакцинацијата.

Циклонот Таукте веќе предизвика големи поплави и се очекува да стигне до копното денес или утре рано. Во државата Гуџарат, вакцинацијата против коронавирусот беше прекината два дена поради циклонот.

Сепак, низ цела Индија, вакцинацијата се одвива бавно.

Јужната држава Карнатака престана да вакцинира лица од 18 до 44 години во државните центри и голем број индиски држави се обидуваат да набават вакцини директно од странство за да го надополнат недостигот во земјата.

Можете да прочитате

Над 200 потреси по силниот земјотрес во Турција

Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција: Срушени се 16 згради, се пребаруваат урнатините

Маж спасен од под урнатините по земјотресот во Турција (ВИДЕО)