Утрински Весник
Свет

Во Индија најмал број на новозаразени од коронавирус во последните три месеци

Индија го надмина Бразил по бројот на заразени со коронавирус
Dik 300x250 mk

Во Индија во последните 24 часа се пријавени 46.790 нови случаи на коронавирус, што е најнизок дневен биланс за речиси три месеци.

Со тоа продолжи трендот на опаѓање на бројот на новозаразени по врвот во септември, а вкупниот број на пријавени случаи сега изнесува речиси 7,6 милиони, со што Индија е втора во светот по САД, пренесува „Ројтерс“.

Според најновите податоци пријавени се 587 смртни случаи, така што вкупниот број на смртни случаи сега е 115.197.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина