Индија денеска објави нов дневен рекорд од 67.000 новoзаразени, а бројот на починати од Ковид-19 надмина 47.000.
Од среда до четврток, бројот на новозаразените се зголемил за 66.999, па сега земјата е блиску до 2,4 милиони вкупно потврдени случаи, соопшти индиското Министерство за здравство.
Индија, која има најмногу заразени во светот по САД и Бразил, сега објави дека во последниве две недели најмалку по 50.000 луѓе се заразуваат секој ден.
Бидејќи инфекцијата продолжува да се шири во помалите градови и руралните делови на земјата, експертите веруваат дека епидемијата во Индија ќе го достигне својот врв дури за неколку месеци, со што дополнително ќе се оптовари веќе речиси закочениот здравствен систем.
Индиските власти се соочуваат со бројни жаришта во земјата со 1,3 милијарди луѓе.
Експертите предупредуваат на премногу ниска стапка на тестирање со просек од 16.035 тестови на милион жители.