Утрински Весник
Свет

Во затворски бунт во Еквадор загинаа 68 затвореници

Во затворски бунт во Еквадор загинаа 68 затвореници

Најмалку 68 затвореници се убиени во немири кои наводно започнале во петокот вечерта во затворот Литорал во еквадорскиот град Гвајакил, соопштија официјални лица.

Полициските сили, кои влегле во затворските простории, пронашле оружје и експлозив.

Речиси 300 затвореници загинаа оваа година по еквадорските затвори.

Еквадор во септември ги забележа најлошите нивоа на насилство од криминални банди во затворите во својата историја. Во тогашните судири загинаа повеќе од сто затвореници.

Можете да прочитате

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина