Утрински Весник
Македонија

Во завршна фаза е спортската сала во Крушево

Во завршна фаза е спортската сала во Крушево
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Крушево, 6 март 2020 (МИА) – Спортската сала во Крушево е речиси целосно реконструирана, се поставуваат столчињата и се работи на инсталација на системот за греење и ладење за салата да биде функционална и лете и зиме.

Овој проект, информираше градоначалникот Томе Христоски,е започнат минатата година и внимателно се имплементира за да се обезбеди квалитет и долгорочност на салата.

Реконструкцијата на спортската сала во Крушево е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, потпроект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“, а финансиран од ЕУ и администриран од Светска Банка. ем/цр

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

До февруари се очекува да заврши рехабилитацијата на патниот правец преку превојот Пресека, најави Николоски

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Почнуваат пообилни врнежи од дожд и од снег