Утрински Весник
Спорт

(Во живо) Општа веселба и српски ора пред хотелот на Ѓоковиќ во Мелбурн

(Во живо) Општа веселба и српски ора пред хотелот на Ѓоковиќ во Мелбурн

Додека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во прифатилиштето за мигранти во Мелбурн го очекува денешното судско рочиште по неговата жалба за одбиената виза, пред хотелот се случува општа веселба на неговите фанови.

Српскиот тенисер веќе четврти ден е во изолација во прифатилиштето, па поддржувачите во Мелбурн се обидуваат со ора и народни песни да го подигнат неговиот дух.

Рочиштето почнува во 10 часот наутро по локално време, а по наше вечерва точно на полноќ.

Случајот со српскиот тенисер со денови е најголема спортска тема во светот, којa толку многу ја заинтригира јавноста што вечерва ќе може во живо да се следи неговото рочиште пред австралискиот федерален суд.

> (Во живо) Општа веселба и српски ора пред хотелот на Ѓоковиќ во Мелбурн <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина