Утрински Весник
Македонија

(Во живо) Деветти ден протести против францускиот предлог

Под мотото „Ултиматум, не благодарам“ вечерва пред Владата продолжија протестите против францускиот предлог.

dobivaj vesti na viber

Демонстрантите со македонски знамиња и транспаренти од Владата преку ТЦ Мавровка се упатија кон Министерството за надворешни работи и Собранието.

По минатонеделните инциденти кај Мавровка, во овој дел од градот попладнево беше забележано засилено полициско обезбедување.

Дел од демонстрантите кои денеска протестираат против францускиот предлог, на улицата пред згрдата на МНР испишаа улични графити „Македонија не е на продажба“.

На протестот пред зградата и денеска беше изложен голем транспарент на кој беа прикажани фотографии од пратеници од актуелниот парламентарен состав, насловен „Предавници на народот“.

Можете да прочитате

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош