Утрински Весник
300x250 opst2

Во Желино почина работник кој паднал од скеле

Во Желино почина работник кој паднал од скеле
Img 7972

Утрово во тетовската полиција бил пријавен смртен случај кој настанал при извршување на градежни работи.

Имено во тетовскoто село Желино, 57-годишник од селото Глоѓи, паднал од скеле и починал на самото место, а смртта била констатирана и од доктор од итната медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Текстот Во Желино почина работник кој паднал од скеле е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax