Утрински Весник
Македонија

Во еден ден за брзо возење казнети 566 возачи, 287 oд нив прекршокот го сториле во населени места

52 казни за брзо возење во Охрид

Полицијата во текот на вчерашниот ден (19. јануари), на целата територија на државата спровела засилена акциска контрола за санкционирање на возачи што возат со преголема брзина.

Од МВР нагласуваат дека ваквиот прекршок е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици.

Вкупно, во акцијата биле санкционирани 566 возачи што возеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив 279 надвор од населено место, а 287 во населено место. 18 возачи возеле со брзина за над 70 километри на час над дозволената брзина, а 65 возачи возеле со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина.

Од МВР додаваат дека засилените контроли во сообраќајот продолжуваат и во наредните денови.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Драма на Водно: Четворица заглавени на жичара спасени од полиција

Филипче: Нечесните се намерите на ДПМНЕ, со барањата надзорни за други случаи сакаат да ја искривуваат вистината

Рубикон не виделе, не реагирале, не спречиле – над 600 гости, ниту една безбедносна контрола