Утрински Весник
Свет

Во Европа над три милиони заболени од коронавирус

Во Европа над три милиони заболени од коронавирус

Европа го премина прагот од три милиони заразени со коронавирусот, а состојбата на американскиот континент е особено загрижувачка.

Во светот од коронавирус починале вкупно 627.307 лица од над 15 милиони заразени.

Прагот од четири милиони заразени е поминат во Латинска Америка и Карибите, а повеќе од 2,2 милиони случаи се регистрирани во Бразил.

Во Европа потврдени се 3.007.088 заболени од почетокот на пандемијата и 206.714 смртни случаи.

Во САД, во средата, деветти ден по ред, се пријавени повеќе од 60.000 нови случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Американска делегација во северна Сирија поради растечки тензии

Повеќе од 100 жртви во поплавите во Африка

САД го продолжија рокот за преговори за продажбата на странските средства на „Лукоил“