Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во денешната вонредна крводарителска акција во Велес собрани 63 крвни единици

Во денешната вонредна крводарителска акција во Велес собрани 63 крвни единици
300x250 opst2

Велес, 15 април 2020 (МИА) –  На денешната вонредна акција за доброволно дарување на крв во Ликовниот салон во Велес беа собрани 63 крвни единици од хумани велешки крводарители.Се почитувале сите мерки на заштита и од страна на организаторите и од страна на крводарителите ,информира за МИА Орце Николов секретар на Општинскиот Црвен крст а кој акцијата ја организира во соработка со екипи на Институтот за трансфузиоан медицина од Скопје  под водство на д-р Кирил Лазов.

Николов  информира дека меѓу крводарителите 48 биле мажи, а 15 жени, а еден за првпат дарувал крв.

Инаку за денешната акција за крводарување имало пријавени над 70, но некои од нив со одлука на здравствениот тим по извршените прегледи денеска сепак не можеле да даруваат крв.

Николов информира дека најголем дел од дарителите, 45 се пријавиле телефонски кај него за добивање на термин за крводарување,но кај нив потоа дополнително се јавиле над 25 граѓани, кои потоа дополнителни биле вклучени со термини за крводарување.

Имено, оваа е втора годинашна  акција за крводарување со граѓаните на Велес  која ја организира велешкиот Црвен крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Истата беше вонредна затоа што поради состојбата со корона вирус се помалку граѓани се решаваат да даруваат крв во Станицата за трансфузиологија во Велес која се наоѓа во кругот на велешката болница.

-Со денешиот одличен одзив, велешките крводарители покажаа дека и понатаму остануваат хумани, со години се меѓу најдобрите на планот крводарители во земјава, а во 2019  и во 2018 со право беа на првото место со натфрлен годишен план за крводарување, потсети Николов.ад/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ограбен турски државјанин на Автобуската станица во Скопје

Филипче до Мицкоски: Или сфати дека си избран да ја водиш државата или да си одиш

МЛЕЧНАТА ИНДУСТРИЈА СО СИЛНА ГОДИНА: Вкупна добивка од 6,7 милиони евра