Утрински Весник
Македонија

Во делчевската гимназија успешно стартуваа уписите во прва година

Во делчевската гимназија успешно стартуваа уписите во прва година

Делчево, 16 јуни 2020 (МИА) – Во прва година за следната учебна година делчевската гимназија „Методи Митевски Брицо“ вкупно на располагање има слободни места за 222 ученици. Денешниот почеток на првиот уписен рок во Делчево започна во најдобар ред, а како што информираа од делчевската гимназија за учебната 2020/21, учениците ќе бидат распределени во осум паралелки.

Уписите, како што информираше професор Соња Трајковска течат во најдобар ред, со запазување на предвидените протоколи.

– Учениците се запишуваат по азбучен ред. Овде се запишуваат во гимназиски паралелки во оваа училница, имаме добар одзив моментално, очекуваме така и да продолжат уписите во прва година гимназија, истакна Трајковска.

Според предвиденото во првиот уписен рок во прва година во делчевската гимназија наставата е предвидено да се одвива во пет паралелки за вкупно 170 ученици во гимназиско образование, две паралелки со вкупно 68 ученици се предвидени за текстилно кожарска струка и една паралелка со 34 ученици, за хемиско-технолошка струка, при што, како што информираат од гимназијата за текстилната и хемиско технолошката струка, предвидени се по два образовни профили.

За учениците кои ги затекнавме на првиот уписен ден делчевската гимназија е одлично место за унапредување на своето образование.

– Добра гимназија, добри професори од кои мислам дека многу ќе научиме. Конкретно јас ќе се запишам во општа гимназија, хуманистичко подрачје, истакна ученичката Софија Дончевска.

Ученикот Ѓорѓи Диковски рече дека ќе се запише во природно-математичко подрачје.

– Во однос на нашата гимназија сметам дека е добро место каде учениците треба да го продолжат своето образование, рече ученикот Диковски.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година. вс/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!