Утрински Весник
Македонија

Во Делчево одржани едукативни предавања за зачувување на менталното здравје во услови на КОВИД-19

Во Делчево одржани едукативни предавања за зачувување на менталното здравје во услови на КОВИД-19

Делчево, 23 јуни 2020 (МИА) – Во Делчево одржана првата од серијата работилници „Да го зачуваме менталното здравје на нашите деца во услови на КОВИД-19“. Како што истакна извршниот директор на невладината организација „КХАМ“ која го реализира проектот целта меѓу другото е и препознавањето на лажни вести поврзани со пандемијата од коронавирус.

-За ситуацијата со коронавирусот знаеме какви последици може да остави врз помладата генерација, особено ако не се внимава на лажното известување. Затоа целта на првата работилница ни беше тие да се запознаат со сериозната закана од вирусот како и применувањето на мерките и препораките од надлежните за нивна заштита, рече Абдулов.

Додаде дека вакви работилници ќе се одржат уште во неколку градови на истокот.

-Покрај во Делчево, планирани се едукативни предавања и во градовите Пехчево и Виница. Се надеваме дека со ваквиот пристап ќе ги поттикнеме сите да сфатат дека заканата е сериозна доколку навистина не се почитуваат препораките за заштита од КОВИД-19, додаде Абдулов.

Активностите се дел од проектот насловен „Социјална и правна отчетност“ кој е поддржан од Фондацијата Отворено Општество Македонија. вс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова се сретнала со Генералниот секретар на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Марцин Цепелак

Поскапува и „частењето“: Јавните службеници ќе може да примаат подароци вредни до 4.000 наместо како до сега до 3.000 денари

Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност со цел да ги заташкате работите