Делчево, 27 мај 2020 (МИА) – Во Делчево и Македонска Каменица во тек се акции за засадување на пролетни цвеќиња во парковските површини во градот и пред јавните институции. Во Делчево, како што информираа надлежните во парковските површини се засадуваат околу 10.000 пролетни цвеќиња.
– Пролетните цвеќиња се од видот на петунии, бегонии, сардела, агератум, тагетис и други и се засадуваат на новата парковска површина кај Жито маркетот, потоа кај споменикот на паднатите борци, кај Комерцијална банка, кај паркот Езерце, паркот во Ново Делчево, паркот АСНОМ, Стопанска банка и боксовите по должината на улицата кај трговскиот центар „Пела“, информираа надлежните.
Парковските површини, како што додаваат тие, ќе добијат нови цвеќарници, саксии и цветни аранжмани.
– Годинава за пролетно разубавување на градот, општината и јавното претпријатие набавија околу 5000 цвеќиња, додека останатите се произведени од сопствениот расадник на претпријатието, додадоа од Општина Делчево.
Во Македонска Каменица хортикултурно се уредува просторот пред детската градинка Бамби. Од таму информираат дека ќе продолжат со хортикултурното уредување на цветната градина во објектот, со напомена дека при извршувањето на задачите и активностите за одржување на чиста и убава животна средина, во целост ќе се почитуваат мерките за заштита од заразата со Ковид-19. вс/сп/