Утрински Весник
Македонија

Во Дебар 25-ти ден нема новозаразен од Ковид-19,мерките и понатаму се почитуваат

Во Дебар 25-ти ден нема новозаразен од Ковид-19,мерките и понатаму се почитуваат

Дебар,10 мај 2020 (МИА) – Во Дебар, кој беше прво жариште на коронавирусот во нашата држава, и во последното 25-то по ред деноноќие нема новозаразени со Ковид-19, информираат од општинскиот Оперативен штаб, повикувајќи се денешните официјлани податоци од Министертвото за здравство.

Бројот на заразени останува 51, од нив двајца од Центар Жупа, сопружници кои беа и прводијагностицирани по нивното враќање од Италија.

-Од вкупната бројка 47 се излекувани, од кои 16 во Клиниката за инфективни болести во Скопје, останатите се лекуваа во домашни услови, бидејќи имаа лесна форма на болеста. Регистрирани беа и четворица починати од Ковид-19, од нив тројца мажи од Дебар и жена од Центар Жупа, додаваат од општинскиот Оперативен штаб.

Според полициската статистика,посочуваат, во текот на изминатото деноноќие за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот не е регистрирано прекршување.

Во истиот период, не се пријавени и регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. Во Дебар нема лица во изолација, освен едно лице во самоизолација.

Од штабот апелираат до граѓаните и понатаму да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните, пред се носење заштитна маска, одржување физичка дистанца и одбегнување групирања. вт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“