Утрински Весник
Македонија

Во Дебар почна распределба на најлонски ќеси по домови, продолжува дезинфекцијата на јавните површини

Во Дебар почна распределба на најлонски ќеси по домови, продолжува дезинфекцијата на јавните површини
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дебар,18 март 2020 (МИА) – Во рамки на договорените превентивни мерки за спречување на проширувањето на коронаврусот од страна на Оперативниот штаб, во Дебар денеска почна распределбата по домаќнства на најлонски ќеси за смет.

– Секое домаќнство во градот или 3.000 ќе добијат по десет најлонски ќеси, кои сметаме дека се доволни за две недели, во кои треба да се става само смет кој се создава од секојдневните домашни основни потреби. Ги замолуваме граѓаните најлонските ќеси да ги оставаат во определините места за тоа. Најлонските ќеси се донација на татковинското друштво „Дибра“ на дебрани од САД, изјави Омер Цами член на Оператвниот штаб и раководител на секторот на комунална хигиена во Јавното комунално претпријатие „Стандард“.

Тој го повторува апелот тврд отпад, како што е мебел, електрични апарати и слично граѓаните да не оставаат покрај контејнерите или на други места.

– Во исто време продолжуваме со дезинфекција на градот, а од вечерва миењето на улиците освен со чиста вода ќе се врши и со специјално средство за дезнифекција. Средства за дезинфекција имаме доволно, додава Цами.

Според него, во текот на иминатата ноќ извршена е дезинфекција на населбите „Коњаре“ „Венец еден“ и „Венец два“ и повеќе улици во и околу центарот на градот. Вечерва и утревечер треба да заврши целосната дезинфекција на градот. вт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари