Утрински Весник
Македонија

Во Дебар нов случај на Ковид-19

Во Дебар нов случај на Ковид-19

Дебар, 5 јуни 2020 (МИА) – По педесет дена, во Дебар денеска е потврден нов случај на заразен со Ковид-19.

Според директорот на Општата болница во Дебар, Баки Халили, станува збор за жена од селото Долно Косоврасти, која пред неколку години е оперирана од тумор во мозокот.

-Во средата вечерта блиски на пациентката се јавиле во итната помош, која веднаш заминала и пацеинтката беше донесена во Општата болница во Дебар, со висока телесна температура. Во консултација, ние лекарите одлучивме да ја препратиме во клиниките во Скопје. По земениот бис потврдено е дека е заразена е од Ковид-19, изјави за МИА директорот Халили.

Додава дека во текот на денов епидемиолошката служба при Работната единица на Центарот за јавно здравје земале девет брисеви на најблиските на пациентката.

Во тек е и анкета каде се движела пацинетката и со кого имала контакти по што ќе се земаат и брисеви на други лица, а ќе се знае и од каде таа се заразила.

Ова е 52-ри случај на Ковид-19 во Дебар.Од претходните 51 лице 47 се излекувани додека четворица починаа.вт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства 

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ