Утрински Весник
Македонија

Во Дебар заглавени стотина жители од други градови

Во Дебар заглавени стотина жители од други градови

Дебар, 14 март 2020 (МИА) – Забраната за влез и излез од Дебар и Центар Жупа остави заглавени стотина лица, главно од гостварскиот регион и подрачјето на Река,општина Маврово и Ростуше.

Станува збор, главно за занаетчиски работници- монтери, но и лица кои биле во посета на свои роднини  пријатели.

– Дел од нив ноќта ја минаа кај своите роднини  пријатели, а дел беа сместени во хотелски капацитети. За сите нив треба да помине потребната процедура, велат од Оперативниот штаб на Дебар.

Инаку, во текот на ноќта повторно е извршена дезинфекција на деловите на градот,кои се жаришта на вирусот а редовно се мијат улиците низ градот.

Од вчера попладне поставени се полициски пунктови на излезот кон Маврово и кон Струга,односно кај месноста Бошков Мост и кај Хидроелектраната „Шпилје“,потоа на Мелнички Мост на влезот кон Центар Жупа и кај ХЕ„Глобочица“ на излезот од оваа општина кон Струга.

– Поради состојбата со корона вирусот и мерките кои важат за општините Дебар и Центар Жупа поставена е полициска контролна барикада пред Бошков Мост што значи дека не смее да се оди за Дебар како и за селата Лазарополе, Гари, Тресонче и другите села од тоа место, информираше градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Медат Куртовски преку својот профил на дејсбук.

Тој упатува апел за разбирање и максимално почитување на препораките.вт/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации