Утрински Весник
Македонија

Во дебарското село Горно Косоврасти изгореа осум плевни со дел од добитокот

Во дебарското село Горно Косоврасти изгореа осум плевни со дел од добитокот

Дебар,14 мај 2020 (МИА) – Во дебарското село Горно Косоврасти утрово пожар пеплоса осум плевни со целосната сточна храна и дел од добитокот.

По појавата на пожарот во неговото локализирање се вклучиле жителите на селото, а брзо по дојавата пристигнало противпожарно возило и пожарникари од Територијална противпожарна единица.

– Во пожарот целосно изгоре сточна храна што била складирана во плевните, огревно дрво, три магариња, една мазга, две кози и три јариња. Крупниот добиток успеале да го спасат. Причина е човечки фактор, тука нема дилема бидејќи во овие објекти нема електрична инсталација, изјави Џетан Мифтароски, командир на ТППЕ.

Според првичните сознанија предизвиканата штета се проценува на околу 100 илјади евра.

Дебарската територијална противпожарна единица во изминатиот период од годинава интервенирала во 43 случаи, што е за двапати помалку интервенции споредено со истиот период лани.вт/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа пред Веро Џамбо во Скопје

Насилна ноќ во Скопје: Пијан возач нападна полицаец, обид за прегазување на дете и серија тепачки низ градот

Левица: Свесно и ситемски се ништи македонската меморија – Ревизорите со негативен извештај за Државен архив