Утрински Весник
Свет

Во Данска уапсени седум лица поради планирање терористички напади

Во Данска уапсени седум лица поради планирање терористички напади

Седум лица се уапсени во Данска под обвинение дека се обиделе да направат експлозивни направи и планирале терористички напади, соопшти полицијата.

Данска ја спроведе акцијата заедно со колегите од Германија. Во апсењата се пронајдени состојки за правење експлозивни направи и оружје, објави „Ројтерс“.

„Веруваме дека поединци имаа намера и капацитет да извршат терористички напади во Данска“, се вели во соопштението на данската полиција.

Уште шест лица беа уапсени во Данска и едно во Германија, по повод можна поврзаност со овој случај, се додава во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хакери ја прекинаа програмата на иранската државна телевизија и емитуваа пораки од престолонаследникот Пахлави

Кремљ: Трамп го покани Путин во Комитетот за мир во Појасот Газа

Нема Нобел, тогаш заборавете на мирот: Трамп со скандалозно писмо до норвешкиот премиер