Утрински Весник
Свет

Во Грција 453 нови случаи на коронавирус и 13 смртни случаи

Рекордни 372 новозаразени со коронавирус во Грција за 24 часа

Во Грција денес се потврдени 453 нови случаи на коронавирус, од кои 27 биле откриени на влезот во земјата. Во последните 24 часа починаа уште 13 лица, објави Националната организација за јавно здравје, пренесува АНА.

Од почетокот на епидемијата во Грција заболеле 23.947 лица, а починале 482 пациенти со просечна возраст од 79 години.

Поради големиот број пациенти, грчките власти го ставија регионот Козани под посебни мерки за карантин, кои вклучуваат забрана за јавни и приватни собири, напуштање на регионот, а рестораните, кината, музеите и други објекти се затворени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 150 здравствени установи во Иран се оштетени од нападите

Трамп вели дека не е подготвен за договор со Иран

Доларот зајакнува втора недела по ред