Утрински Весник
Свет

Во Грција 177 новозаразени со коронавирус, почина едно лице

Најголем број новозаболени во Грција од април
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Надлежните органи во Грција пријавиле дека во последните 24 часа едно лице починало од коронавирус, додека се евидентирани 177 новозаболени од Ковид-19. Кај 20 лица вирусот бил откриен при гранични проверки на патниците кои влегувале во земјата.

Според здравствените власти, од почетокот на пандемијата вкупниот број на заболени изнесува 9977 лица, починале 260, а оздравеле 3804 лица. Денешниот број на заболени е понизок од оној вчера кога имаше рекордни 269 заболени и пет починати, како и завчера со 251 и 6 починати.

Во саботата на одделенијата за интензивна нега во Грција имало 36 пациенти на просечна старост од 68 години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин