Утрински Весник
Македонија

Во Грција се влегува само преку Евзони

Преминот „Меџитлија“ од полноќ ќе биде затворен за сообраќај

Во Грција од утрово се влегува само преку граничниот премин Евзони, откако Грција синоќа на полноќ ги затвори Меџитлија и Стар Дојран за секаков вид сообраќај.

Од МВР информираа дека затворањето е поради новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за Ковид-19 и ќе трае до 4-ти август.

„Сите патнички и товарни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин Евзони“, велат од МВР.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Метео аларм: Утре силен северен ветер над 70 км/ч!

Ампева до работниците во „Артекс“: Не потпишувајте нешто, обезбедена е правна поддршка!

СЦЕНСКИ ОМАЖ ЗА ТОМАЖ ПАНДУР: „БЕЗГРЕШНА“ НА СНГ МАРИБОР ВЕЧЕРВА ВО МНТ