Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Грција почнува незадолжителна вакцинација со трета доза за старите лица и здравствените работници

Во Грција почнува незадолжителна вакцинација со трета доза за старите лица и здравствените работници
Img 7972

Откако околу 56,7 проценти од грчкото население е целосно вакцинирано, здравствените власти препорачуваат групите со висок ризик од зараза, како што се лица над 60 години, вклучително и во домовите за стари лица и здравствените работници, да добијат трети засилувачки дози против коронавирус, пишува „Катимерини“.

Мариос Темистоклеус – главен секретар задолжен за вакцинација, рече дека третата доза нема да биде задолжителна, најавувајќи дека соодветната платформа за закажување ќе се отвори на 30 септември.

Покрај тоа, Марија Теодориду, претседател на Националниот комитет за вакцинација, рече дека третата доза ќе се дава шест до осум месеци по втората доза: „Вакцините се ефикасни во спречување на сериозна форма на болеста, хоспитализација и смрт. Антителата како показател за имунолошкиот одговор се намалуваат со текот на времето, пет до шест месеци по вакцинацијата“.

Првата група на лица со ризик се оние кои не развиле антитела кога биле први вакцинирани и затоа засилувачката доза има карактер на дополнителна доза. Втората група на луѓе изложени на ризик се оние за кои фактори како што се возраста и другите доведуваат до намалување на антителата, а третата група се состои од луѓе кои се најизложени на вирусот.

 

Можете да прочитате

Најмалку еден ученик загина при уривање на училиште во Индонезија

Жена од Калифорнија доби отштета од 17 милиони долари за брутално приведување

Арапски, муслимански и европски држави го поздравија планот на Трамп за Газа