Утрински Весник
Свет

Во Грција полициски час до 7 јануари

Во Грција полициски час до 7 јануари

Грчките власти објавија дека книжарниците и фризерските салони ќе бидат отворени од понеделник, додека другите продавници, забавни центри, ресторани, барови и кафулиња ќе останат затворени за време на Божик како дел од второто затворање на земјата поради коронавирусот.

Владиниот портпарол Стелиос Пецас изјави дека и покрај петнеделните рестриктивни мерки, стапката на инфекција е сè уште висока, поради што е оптоварен здравствениот систем.

Пецас исто така рече дека полицискиот час, кој во моментов е во сила од девет часот навечер до пет часот наутро, ќе се скрати за еден час од недела вечер, кога ќе започне во 10 часот.

Полицискиот час ќе трае до 7 јануари.

Тој додаде дека властите немаат намера да го променат тоа за време на новогодишните или божикните празници, пренесува АП.

Црквите ќе можат да бидат отворени за верниците само на самиот ден на Божик на 25 декември и на Богојавление кое Грците го слават на 6 јануари.

Во Грција се регистрирани над 121.000 заразени и 3.370 смртни случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонец и двајца Срби убиени во Боливија: Телата биле спакувани во црни ќеси

Воз излета од шините во забавен парк во Британија, повредени 13 деца (ВИДЕО)

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени