Утрински Весник
Свет

Во Грција е регистриран првиот случај на мајмунска сипаница

Во Грција е регистриран прв случај на инфекција со вирусот на мајмунска сипаница, покажуваат првичните резултати на националната здравствена агенција ЕОДИ.

Пациент во Грција, каде што е регистриран вирусот на мајмунски сипаници, неодамна отпатувал во Португалија, пренесува Ројтерс.

Пациентот е во болница и е во стабилна состојба, соопшти грчката Национална здравствена агенција.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада