Утрински Весник
Македонија

Во Градско заврши поплочувањето на тротоар во центарот на населбата

Во Градско заврши поплочувањето на тротоар во центарот на населбата

Велес, 7 март 2020 (МИА) – Во Градско неделава заврши поплочувањето со украсни бекатон цигли  на тротоарот во централното подрачје на населбата, на потегот од ООУ „Даме Груев“ до плоштадот.

Како што информира за МИА,градоначалникот на Општина Градско Роберт Бешовски, поплочувањето беше започнато на крајот на минатата година, а заврши неделава.

Средствата за овој проект во висина од  2 милиони и 242 илјади денари се обезбедени од општинскиот буџет.

По оваа прва деновиве ќе следи и втора фаза – опремување на овој централен дел на Градско со нови клупи и корпи за отпадоци.

-Овој е само еден од нашите проекти како Општина со кој инвестираме во разубавувањето на населбата  и создавање на подобри услови на жителите од Градско. Но воедно и создаваме   подобар изглед на централното подрачје на  Градско,  низ кој  секојдневно транзитираат  голем  бројни домашни и странски туристи, потенцира градоначалникот Бешовски. ад/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработен во казино одзел над 330 илјади денари

Мицкоски: Информацциите зошто Груби не бил испратен во „Шутка“ се доверливи

AХВ до градоначалникот на Крива Паланка: Кравите не можат да се соберат преку ноќ!