Утрински Весник
Македонија

Во Гостивар четири лица го прекршиле полицискиот час

Во Гостивар четири лица го прекршиле полицискиот час

Гостивар, 18 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие според евиденцијата на СВР Тетово, на гостиварското подрачје, забраната за движење, ја прекршиле четири лица. Тие се лишени од слобода и ќе им бидат поднесени соодветни пријави.

Во два хотели во Маврово во карантин се наоѓаат 133 лица кои претходно допатуваа од странство, а во самоизолација се наоѓаат 72 лица.

Полицијата во Гостивар спровела редовни контроли контроли кај лица во со решение на државен и здравствен иснпекотрат за изолација и самоизолација.

Изминатата недела (од понеделеник) во општина Гостивар нема нови случаи кои биле позитивни на КОВИД 19 и вкупната бројка останува на пет инфицирани. Последните три случаи се однесуваат на жители од соседната општина Врапчиште, а тестирањата ги направил гостиварскиот центар за јавно здравје. згм/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути