Утрински Весник
Македонија

Во Гостивар формирано здружение за поддршка на деца со аутизам

Во Гостивар формирано здружение за поддршка на деца со аутизам
Dik 300x250 mk

Гостивар, 2 март 2020 (МИА)  – Во Гостивар е формирано здружение за поддршка на лица со аутизам преку кое родителите и семејствата на децата со аутизам од гостиварскиот регион ќе имаат нова можност за справуавње и надминување на проблемите. Викендов беа промовирани дел од целите и програмата на Здружението на лица со аутизам „Blue Puzzle“.

Според претседателот на здружението Ваљон Емини, основната задача во работењето ќе биде обезбедување поголема институционална поддршка и заедничко делување преку работилници и обуки за рано откривање на аутизмот кај децата и надминување на предрасудите кои владеат.

Поддршка за формирањето, новото здружение доби и од локалната самоуправа. Градоначалникот Арбен Таравари во обраќањето напомена дека општината дала значаен придонес во последниве две години во насока на помагање на лицата со попреченост и децата со аутизам.

-Ќе продолжиме така и во иднина. Се надевам дека наскоро ќе го отвориме и првиот Центар за лица со аутизам и пречки во развојот во нашиот град кој предвидовме да биде сместен во објектот на поранешниот колеџ „Јахја Кемал“. Предвидуваме ова да биде најдеполитизирана институција во земјава, рече Таравари. згм/мд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево