Утрински Весник
Македонија

Во Гостивар симболично одбележан Денот на Ромите

Во Гостивар симболично одбележан Денот на Ромите
Dik 300x250 mk

Гостивар, 8 април 2020 (МИА) – Со истакнување на знамето на ромската заедница, на еден од јарболите пред седиштето на општина Гостивар, започна одбележувањето на 8 Април меѓународниот ден на Ромите.

Манифестациите и прославата на празникот, оваа година заради вонредната состојба ќе бидат изоставени, а средствата ќе бидат пренасочени кон обезбедување на помош за социјално загрозените семејства.

– Дел од средствата кои беа предвидени за прослава на Денот на Ромите, во соработка со Црвен крст се пренаменуваат за помош на социјални семејства од ромската заедница. Дел од нив тешко се снаоѓаат со обезбедување на основни живтни продукти. Во оваа прилика сакам да им порачам на сите Роми, да останат присебни и да ти почитуваат мерките кои ги пропиша државата, Кашмир Салиу, членот на општинскиот совет од Демократскиот сојуз на ромите.

Честитка по повод празникот упати градоначалникот на општината Арбен Тараври кој напомена дека Гостивар е мултиетнички град и дека во него сите заедници поеднаково се почитуваат, а оваа година празнувањето ќе поминие во поинакви околности.

Знамето на ромската заедница деновиве ќе стои и во во салата на советот на општината. згм/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Беличанец: СДСМ може да победи, потребна е јасна социјална политика за сите категории граѓани

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица