Утрински Весник
Македонија

Во Гостивар предложени се казнени налози за четворица за непочитување на полицискиот час

Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе Предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, за што јавен обвинител на судот му предложи за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.

Од ОЈО наведоа дека обвинетите​ во одвоени кривично правни настани постапиле спротивно на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението од 21:00 до 5:00 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови се движеле пешки или со возила низ градот. ​см/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен