Утрински Весник
Македонија

Во Гостивар нема заболени од коронавирусот, единаесет лица превентивно во изолација

Потврден прв случај на коронавирус во земјава
Dik 300x250 mk

Гостивар, 10 март 2020 (МИА) – Според последните информации на здравствените власти во Гостиварската општина нема регистрирани случаи на заразени од коронавирусот. Во домашна изолација се наоѓаат најмалку единаесет лица, кои кон крајот на февруари, со брачниот пар од Дебар патувале од Италија.

Според Јакуп Јакупи, директор на гостиварската болница во изјава за МИА нагласи дека единасетмината патници кои на 27. февруари патувале од Италија кон Македонија заедно со две лица кај кои е потврдено присуството на вирусот, во домашна изолација ќе бидат уште два дена (до 12 март). Кај нив изминатите денови не се појавиле симптоми, а при тестирањета се покажале како негативни на корона вирусот. Зависно од нивната состојба, како што нагласи Јакупи, како што рече Јакупи ќе се спроведуваат натамошни мерки. згм/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски од Лондон: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада кој носи големи економски и политички придобивки

Расчистено намерно опожарување автомобил во Скопје, постапка против едно лице

Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија