Утрински Весник
Македонија

Во Гостивар започна акција за прибирање на лаптопи, мобилни телефони и таблети

Во Гостивар започна акција за прибирање на лаптопи, мобилни телефони и таблети

Гостивар, 21 април 2020 (МИА) – Асоцијацијата на младински организации од Гостивар започна со кампањата за донирање на електронски апарати за ученици од социјално загрозени семејства. Со донирањето на вакви уреди, на младите сограѓани ќе им се овозможи да следат он лајн настава.

Асоцијацијата на младински организации акцијата ја спроведува во соработка со локалната самоуправа од каде неодамна информираа дека во општина Гостивар околу 800 ученици се надвор од образовниот процес.

– Овој невидлив непријател ги погоди сити. Ги погоди образованието и образовниот процес. Иако поголемиот број на ученици имаат можност да ја следат наставата преку интернет, сепак има и такви кои заради социјалната положба се надвор од образовниот процес повеќе недели. Од тие причини ние апелираме до нашите сограѓани, компании и иселеници да ги донираат лап топите телефоните и таблетите кои не ги користат и на тој начин да станат дел од остварувањето ан сонот на учениците, рече Влора Демири од Асоцијација на младински организации.

Кампањата и активностите започнаа денеска и ќе трае до четврток. Уредите, може да се донесат во седиштето на општината, од 11 до 14 часот каде ќе се евидентира секој уред. До крајот на неделата ќе биде познато и кои семејства ќе добијат некој од апаратите. згм/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кешишев со нова шокантна изјава: Палчо го натерал да го напише писмото во кое тврди дека не е виновен

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд