Утрински Весник
Македонија

Во Горно Јаболчиште се решава деценискиот проблем со водоснабдувањето

Во Горно Јаболчиште се решава деценискиот проблем со водоснабдувањето

Велес, 12 март 2020 (МИА) – Општина Чашка  ја започна изградбата на втората и завршна фаза од проектот за подобрување на водоснабдување во селото Горно Јаболчиште, која предвидува изградба на резервоар за вода од 350 метри кубни и секундарна мрежа низ населеното место. Изведувач на работите е велешката фирма „Делта Пром“, а проектот треба да се реализира во наредните осум месеци.

Како што информира градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски, вредноста на проектот е во висина од 15.1 милиони  денари, средства обезбедени од Европската инвестициска Банка, преку Министерството за транспорт и врски.

Со реализацијата на овој проект, Општина Чашка конечно го решава деценискиот проблем на ова месно  население, инвестиција која ќе обезбеди чиста вода за пиење на околу четири илјади  жители од ова населено место, кое е едно од поголемите во Општина Чашка, потенцира Стојановски. ад/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерството за енергетика со нов повик за субвенционирање клима уреди

Хорор во Скопје: ја нападнал сопругата и ја избркал од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Ловец тешко повреден додека го чистел оружјето