Утрински Весник
Свет

Во Германија, т.н „Правило 3Г”- само вакцинирани, прележани и лица со негативен ПЦР тест во јавни простори

Во Германија, т.н „Правило 3Г”- само вакцинирани, прележани и лица со негативен ПЦР тест во јавни простори

Во Германија, од денеска во сите сојузни држави стапи во сила т.н. „Правило 3Г“ според кое само оние што ќе докажат дека се вакцинирани, го прележале коронавирусот или претставиле негативен тест, можат да влезат во јавни простори.

Правилото „3Г“ важи во сите јавни институции, кина, театри, базени, ресторани и услужни дејности каде што не е можно да се одржува растојание како што се фризери или педикири.

Во хотелите, оние кои не се вакцинирани ќе мора да прават негативен тест на секои три дена.

Градовите и општините можат да ги олеснат овие правила ако инциденцата од седум дена во една област не надминува 35. Обврската за носење маска и одржување растојание во малопродажниот и јавниот превоз останува на сила за сите, без разлика дали се вакцинирани, прележале коронавирус или имаат негативен ПЦР тест.

Притисокот врз невакцинираните ќе се зголеми од 11 октомври, кога државата повеќе нема да ги презема трошоците за тестирање на антиген, кои сега се бесплатни.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан објави дека инциденцата на бројот на хоспитализирани пациенти со коронавирус повеќе нема да биде одлучувачка за понатамошните мерки против коронавирусот.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година