Утрински Весник
Свет

Во Германија планови за постепено олабавување на мерките протв Ковид-19

Во Германија планови за постепено олабавување на мерките протв Ковид-19

Германската канцеларка Ангела Меркел и регионалните лидери се блиску до договор за постепено ублажување на ограничувањата поради коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува, дека властите во Германија подготвуваат одлука за постепено олеснување на епидемиолошките мерки на денешната средба, но дека правилата може повторно да се заострат доколку бројот на инфекции со Ковид-19 почне да се зголемува.

Според новиот план на владата од 8 март, на исто место ќе можат да се соберат најмногу пет лица од две домаќинства, освен деца на возраст под 14 години, а исто така од тој датум ќе можат да се отворат и цвеќарници, книжарници, градинарски центри, како и салони за услуги и за нега , пренесува Ројтерс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Анкета: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја