Утрински Весник
Свет

Во Германија зголемен бројот на напади врз муслимани

Во Германија зголемен бројот на напади врз муслимани

Бројот на напади врз муслимани и исламски објекти во Германија се зголеми минатата година, покажуваат податоците објавени од Министерството за внатрешни работи.

„Минатата година властите забележаа најмалку 901 напад врз муслимани и исламски објекти, што е зголемување за два проценти во споредба со 2019 година“, соопшти Министерството како одговор на барањето на парламентарниот клуб на партијата Левица во Бундестагот.

Во најголемиот број напади учествуваа членовите на радикалната десница, пренесува „Хина“.

Во нападите се повредени 48 лица, што според весникот „Ноје Оснабрикер цајтунг“ е значително зголемување во споредба со 2019 година, кога беа повредени 34 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море

Руските сили напредуваат во нов украински регион

Велика Британија прима студенти од Појасот Газа за да го завршат своето образование