Утрински Весник
Свет

Во Германија благ пад на бројот на заразени со коронавирус

Во Германија благ пад на бројот на заразени со коронавирус

Во Германија се регистрирани уште 10.976 новозаразени со коронавирус така што вкупниот број се зголеми на 1,65 милиони, додека бројот на смртни случаи надмина 30.000, објави Националниот центар за контрола на болести Институтот „Роберт Кох“.

Според податоците на Институтот, во последните 24 часа биле евидентирани уште 348 смртни случаи, па вкупниот број се зголемил на 30.126.

Бројот на новоинфицирани е значително помал отколку пред една недела, но и бројот на тестирани е помал. Германските здравствени власти претходно објавија дека властите ќе ги објават резултатите од тестовите побавно за време на божикните празници.

Германија имаше релативно ниска стапка на смртност во првата фаза од пандемијата, но во последните неколку недели бележи стотици смртни случаи на ден. Од европските земји, Италија, Велика Британија, Франција и Шпанија сè уште имаат поголем број смртни случаи.

Националниот карантин, кој беше продолжен на 16 декември со затворање на училишта и повеќето продавници, треба да остане во сила до 10 јануари и најверојатно ќе биде продолжен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет

Затворени аеродромите во Москва поради напади со дронови

Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна