Утрински Весник
Македонија

Во Гевгелија се уредува објект за повозрани лица со посебни потреби

Во Гевгелија се уредува објект за повозрани лица со посебни потреби

Гевгелија, 11 март 2020 (МИА) – Во завршна фаза се реконструктивните работи на објектот во населбата Касарна, кој има корисна површина од 100 метри квадратни и дворна површина од 1.600 квадрати, што општина Гевгелија му го додели на користење на Центарот за деца со посебни потреби „Мајка Тереза“.

Од Центарот „Мајка Тереза“ велат дека објектот ќе се користи за работилница за креирање и изработки, како и за надворешни сензорни работилници.

– Со овој објект добиваме можност за проширување на нашата активност, бидејќи имавме потреба да направиме простор кој ќе биде наменет за работно оспособување на повозрасните наши корисници кои наместо по три, тука ќе престојуваат по пет часа дневно, рече Димитар Ташев, раководител на Центарот.

Во дворот на објектот ќе има повеќенаменско игралиште, фитнес справи, овошна и зеленчукова градина, мини фарма и креативна работилница.

– Основна цел е нашите штитеници да ги совладуваат различните животни вештини, да стекнуваат навики за лична хигиена и хигиена на просторот, како и поголема социјална инклузија во соработката со нивни врсници со типичен развој, нагласи Ташев.

Поради лошата сочуваност на објектот, направени се поправки на кровот, внатрешно просторот е уреден со плочки и санирани се оштетените простории во кои е инсталирано подно греење и се поставени нови врати и прозорци. им/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути